Колач со кандирано овошје
Состојки
- 4 јајца
- 170 гр шеќер
- 150 гр путер (собна температура)
- 150 гр брашно
- 40 гр нишесто
- 100 гр мешано кандирано овошје
- 20 гр суво грозје
- 10 гр прашок за пециво
- 10 гр ванила
Подготовка
Путерот, шеќерот и ванилата изматете ги со миксер. Потоа додадете ги јајцата едно по едно и продолжете со матењето да се добие изедначена смеса.
Додадете го брашното, нишестото, пецивото, овошјето и се заедно измешајте со жица или лажица.
Смесата ставете ја во намачкан и набрашнет правоаголен калап и печете ја 35-40 мин на 180 С.
Готовиот колач наросете го со шеќер во прав и послужете се!