Делимано колачиња со чоколада
Состојки
- 200 гр путер
- 2 јајца
- 140 гр шеќер
- 1 ванила
- 1 лажица екстракт од ванила
- 50 гр сецкана чоколада
- 450-480 гр брашно
Подготовка
Путерот омекнат на собна температура изматете го со јајцата, шеќерот и ванилата. Потоа додадете ги брашното и чоколадата и замесете тесто.
Завиткајте го во прозирна фолија и оставете го во фрижидер 30 мин.
На набрашнета површина развлечете кора во дебелина од 5-7 мм и со калапчина правите колачи.
Печете ги на 180 С околу 10-15 мин. Украсете ги по желба.