Свински шницли со сос
Состојки
- 600-700 гр свински шницли
- 300 мл бело вино
- 300 гр кисела павлака
- зачини вегета, бибер
- 2 лажици сенф
Подготовка
Многу брзо и едноставно, а конечниот резултат е одличен...
Месото исчукајте го малку од двете страни.
На загреано масло пропржете ги шницлите од двете страни (само малку).
Во тавата во која сте пржеле, ставете ги шницлите, виното, павлаката и сенфот, зачинете и нека се динстаат петнаесетина мин., се додека сосот не се згусти. Готово е... јас ги послужив со печени компири, а вие можете со нешто друго...на пр. њоките од тиква одлично ќе одат со ова јадење.
Слободно можете свинското да го замените со телешко или пилешко месо.