Рижото од морски плодови
Состојки
- 250гр. ориз
- 300гр. морски плодови
- 1главица кромид
- 1 морков
- 40-50гр. путер
Подготовка
Во тава на оган ставете маслиново масло да се загрее.
Додадете го сецканиот кромид и ренданиот морков и пропржете.
Откако ќе омекнат додајте го оризот и морските плодови и пропржете уште малку.
Зачинете и налејте топла вода и оставете да се динста на тивок оган.
Откако водата ќе испари, а оризот ќе биде сварен додајте го путерот и мешајте додека се растопи.