Испечати

Моите омилени грицки

Моите омилени грицки

Состојки

  • 150 гр семки од тиква
  • 200 гр сончоглед
  • 200 гр сусам
  • 200 мл масло
  • 200 мл газирана вода
  • 450 гр брашно
  • 1 лажица лута буковска
  • сол по вкус

Подготовка

Рецептот е многу едноставен. Сите состојки се мешаат во вангла, убаво се меси и се сучи кора, не многу тенка, можеби 2-3 цм. Од неа вадите парчиња или со калапче или ја сечите на коцки. Се печат на 200 степени, додека не добијат боја по краевите. Ако сакате поинтезивен вкус на семките, претходно можете малку насуво да ги потпечите. Тоа е тоа, едноставно ама се преубави...