Лиснати триаголници
Состојки
- тесто
- 1 кг брашно и 500 мл млака вода
- 2 филџани зејтин
- 1 лажица сол
- 1 лажичка шеќер
- за премачкување
- 1 маргарин или путер
- фил
- 300 гр сирење
- 1 јајце
Подготовка
Од состојките за тесто замесуваме меко тесто и го ставаме во фрижидер да одстои 20 минути. Потоа го вадиме тестото од фрижидер, расукуваме кора и ја премачкуваме со пола маргарин. Виткаме во форма на плико и пак го ставаме тестото во фрижидер да стои 10 минути. Го вадиме од фрижидер пак расукуваме кора, премачкуваме со другата половина маргарин и го ставаме тестото уште 10 минути во фрижидер. Потоа расукуваме кора со дебелина од пола сантиметар и ја сечеме на коцки. На секоја коцка на средина ставаме едно лажиче од филот и преклопуваме со спротивните врвови. Печеме во загреана рерна околу 20-30 минути.