Бомбици со моркови
Состојки
- 250 грама моркови рендани
- 1 чаша шеќер
- 1/2 чаша вода
- 250 грама ореви мелени
Подготовка
Морковите рендани на јадро со шеќерот и водата се ставаат да се варат се додека не стани како мед. Кога ќе биде млако се додаваат мелени ореви и се формираат бомбици. Може за декорација чоколадо одозгора. Од оваа доза излегуваат малку, па затоа препорачливо е во две дози да се прават.
Иако од моркови , сепак брзи и вкусни, неосетливи дека има морков!