Испечати

Зимска бајка со прокељ и димен свински врат

Зимска бајка со прокељ и димен свински врат

Состојки

  • 800 гр. прокељ
  • 2 средни кромида
  • 3 средно големи компири
  • 350гр. димен свински врат
  • 250гр. топено сирење ( зденка )
  • 2 коцки за супа (по вкус,кој сака може да стави и повеќе)
  • 1,5 литар вода

Подготовка

Излупете ги кромидот и компирите.
Исчистете го прокељот- изадете ги горните ливчиња.
Кромидот исечете го ситно, компирот на тенки плочки, а прокељот на половинки. Димениот врат на коцки.
Запржете го димениот врат на масло-4 минути, па додатете го кромидот и пржете уште 3-4 минути.
Додадете ги компирот и прокељот и запржете се заедно уште 3 минути.
Ставете жешка вода, додадете ги коцките за супа и варете..30 минути, односно додека компирот и прокељот се сварат.
На крајот се додава топеното сирење и се меша за да се добие хомогена смеса.
Добар апетит!
Според мене, една од највкусните зимски супи, доволна сама за себе, дури ни леб не ви треба. Уживајте.