Лимончело
Состојки
- 700 мл. водка
- 5-6 не прскани лимони
- 250 гр. шеќер
- 250 мл. вода
Подготовка
Припрема
1. Лимоните измијте ги, потрудете се да ги што потенко излупите.
2. Шеќерот прелијте го со водата - нека се вари околу 2-3 мин., оставете да олади.
3. Во шише од 1,5 л. ставете го оладениот сируп од шеќерот и водата, додадете ја водката, кората од лимонот и нека стои десетина дена притоа стално промешувајки го. Прецедете го.
Втор предлог за лимончело
1. Ставете да се проврие за кратко 200 гр. шеќер и 200 мл.вода, додадете 10 гр. бурбон ванила и да врие уште 2-3 мин. тргнете да олади.
2. Излупете измиени 4 лимона.
3. Лушпата од лимонот заедно со 1/2 л. ракија ставете во стаклен сад.
4. Додадете го оладениот сируп од шеќерот во ракијата и лушпите, оствете да стои 4-5 дена - за тоа време промешувајте, потоа прецедете го.
-Промешајте и оставете да одстои 4-5 дена притоа секојдневно промешувајки. Прецедете и соберете во шише.
Кората од лимонот можете да ја сомелете и да ја чувате во фрижидер, ќе ви притреба за во некој колач.
- при лупењето на кората користев ножето за лупење на компир.
- Со остатокот од лимонот - направете лимонада.
Уживајте во зимските денови со овој прекрасен ликер.
Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Тава со рачки