Печено пилешко со тестенини
Состојки
- 200 гр кратки тестенини по ваш избор
- 3 лажици масло
- 1 главица кромид, многу ситно исецкана
- 100 гр чадена сланина исецкана на ситни коцки
- 500 гр бело пилешко месо, исецкано на мали коцки
- 2 чешнина протиснат лук
- 100 гр крупно сецкани шампињони
- 60 гр путер
- 35 гр брашно
- 375 мл ( 1 1/2 шоља ) вода
- 1 коцка за пилешка супа
- 250мл - 375 мл ( 1 - 1 1/2 шоља ) млеко
- 40 гр рендан кашкавал
- 80 гр сецкани суви домати од масло
- 100 - 200 гр брокула искината на поситни цветчина
- сол, бибер по вкус
- За одозгора
- 60 гр рендана Моцарела
- 60 гр рендан кашкавал
Подготовка
Сварете ги тестенините во поголемо количество посолена вода. Исцедете ги и оставете ги на страна.
Во тава за пржење загрејте го маслото па ставете го кромидот да се пржи заедно со сланината додека не добие убава златна боја. Додајте ги коцките месо, пропржете да добие малку боја, па додајте ги и печурките и лукот. Пржете неколку минути, посолете, побиберете и оставете го на страна.
Во еден помал сад растопете го путерот, па на него испржете го брашното, но така да остани светло. Мешајки додајте го млекото, коцката за супа и водата, па варете го со постојано мешање додека да добиете средно густ бешамел.
Загрејте ја рерната на 200 Ц.
Додајте го бешамелот во тавата со пилешкото месо, додајте ја и брокулата и сувите домати, измешајте, дотерајте го вкусот и претурете ја целата содржина во керамичка тава за печење.
Ставете ги одозгора ренданата Моцарела и кашкавалот, па печете дваесетина минути додека не добие убава боја.
Кратко, 5 - 10 мин нека отстои во тавата пред да го послужите.