Лепени колачиња со карамел
Состојки
- 2 јајца
- 150 гр шеќер
- 1 ванила
- 150 мл масло
- 240 гр брашно
- 1/2 прашок за пециво
- За филовање
- 200 гр готов карамел крем
Подготовка
Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилата во убава пенеста смеса. Потоа додадете го маслото и на крај брашното и пецивото. Се заедно убаво измешајте.
На плех обложен со хартија со лажица ставајте од смесата и печете ги во загреана рерна на 180 С околу 10 мин.
По две колачиња лепете ги со карамел крем а згора по желба може да ставите карамел или чоколаден прелив.