Перечиња
Состојки
- тесто
- 500 гр брашно
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер
- 50 гр свеж квасец
- 5 лажици кисела павлака
- 270 мл млака вода
- за прелив
- 2 лажици брашно
- 1 лажица сол
- 3 лажици вода
Подготовка
Од состојките за тесто се замесува меко тесто и се остава да одмори 30 минути. Потоа тестото се премесува и се дели на десет дела. Секој дел се расукува, се мота како ролна и се прави перек.
Се печат во загреана рерна 10 минути.
Во меѓувреме се припрема преливот. Се мешаат водата, брашното и солта се ставаат во кесичка и се оставаа во фрижидер 5 минути. Перечињата се вадат од релна се прелеваат со преливот и пак се ставаат во релна да се печат усте десетина минути.