Испечати

Кокосови месечинки

Кокосови месечинки

Состојки

  • 100гр кокосово брашно
  • 2 филџани зејтин
  • 4 филџани шеќер
  • 5 филџани кисела вода
  • 6 филџани брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • фил
  • 1л млеко
  • 3 кесички пудинг од кокос или ванила
  • 250гр шеќер
  • 250гр маргарин
  • 1 кесичка шлаг крем од ванила
  • 1 кесичка шлаг
  • 100гр кокос

Подготовка

Прво се прави тесто од сите состојки и се пече во плех од шпорет бр 40 на два пати -две кори. Корите се печат на хартија.
Фил
Се вари пудингот во зовриеното млеко, а одкако ке се олади се меша со изматениот маргарин со шеќер во прав.
Со голема чаша се сечат полумесечинки и се составаат по две со филот.
Со изматениот шлаг крем се мачкаат од страна, па се свалкуваат во кокос. Одозгора се декорираат со обичниот шлаг по желба.
Доста се вкусни и лесни за јадење а исто и декоративни.

Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Сет тави за пица

Сет тави за пица