Зимска тава
Состојки
- 1кг свинска пушена коленица
- 500гр маринирани печурки
- 3страка праз
- 5 суви црвени пиперки
- 3 моркови
- 5 ловорови листови
- 1главица целер
- 1лажица зачин,црн бибер
- 200мл бело вино
Подготовка
Месото се двои од коската и се сече на коцки. Празот се сецка и заедно со исецканиот морков и целер се пржи на зејтин. Од како ќе се испржи се додаваат исецканите суви пиперки, месото и печурките и целата смеса се динста околу 15 минути. Целата смеса се истура во огноотпорен сад или земјена тава,се зачинува со зачин и бибер па се налева со виното и се става на печење околу 30-40 минути.
Вкусна, празнична тава со богат спој на вкусови.