Испечати

Рафаело

Рафаело

Состојки

  • 250 гр маргарин
  • 100 гр вода
  • 300 гр кокос + за посипување
  • 300 гр шеќер
  • 300 гр млеко во прав
  • 100 гр лешници

Подготовка

Ставете ги водата, шеќерот и маргаринот исечен на парчиња на оган да се стопат и да зовријат.
Тргнете го садот од оган и енергично измешајте ги во него кокосот и млекото во прав.
Од смесата правете ситни бомбици во кои ќе вметнувате по еден цел лешник и валкајте ги во кокос.