Испечати

Пури

Пури

Состојки

  • 1кг брашно
  • 1 пресен квасец
  • 3 неполни мали филџани масло
  • 2 лајчиња шеќер
  • 2 лајчиња сол
  • 500 грама млеко
  • 1 јајце

Подготовка

Брашното со зафатениот квасец, маслото, млекото, солта и шеќерот се измесуваат и се остава да скисне. Од скиснатото тесто се прават 40 ѓузлемина. Се расукуваат во јајчеста форма и потоа се виткаат како пура. Се редат во намрсен плех со маргарин. Се премачкуваат со жолчка од јајце одозгора може јадра сол, пипер црвена, може и маргарин да се наренда и се ставаат да се печат.