Гулаш со свинско
Состојки
- 400 гр. свинско месо
- 4 главици кромид
- 4 пиперки (може некоја лутка)
- 2 домати
- малку бело вино
- малку црвен пипер, сол и црн бибер
Подготовка
Месото исецкано на парчиња прво се запржува да зарумени, па во него се додаваат ситно исецкани пиперките, кромидот и доматите (без лушпа). Се додава малку вода, виното и зачините и се остава да динста уште еден час во поклопена тава.
Може да се послужи со тестенини, пире или било која ваша идеја за прилог.