Рижото со тиква

Состојки
- 250 гр ориз
 - 350 гр тиква
 - 1/4 главица кромид
 - 4 лажици масло
 - 1 лажица путер
 - 1 лажиче вегета
 - 1 л вода
 
Подготовка
Тиквата исецкајте ја на помали коцки.
 Во тава на маслото и путерот малку пропржете го ситно исецканиот кромид. Потоа додадете ја тиквата и нека се пржи 5-6 минути. Додаде те го оризот и се заедно измешајте. Налејте го со водата, додадете ја вегетата и посолете по вкус. Оставете го да вари додека течноста испари.
 Послужете го топло.