Испечати

Медени колачиња со мармалад

Медени колачиња со мармалад

Состојки

  • 2 јајца
  • 2 лажици мед (полни)
  • 90 гр шеќер
  • 100 мл масло
  • 1 ванила
  • 1 прашок за пециво
  • 450 гр брашно
  • За полнење
  • малку мармалад од кајсии или јагоди (по желба)

Подготовка

Од сите состојки замесите тесто и правите топчина во големина на орев.
Ставајте ги на плех обложен со хартија. Со мала ракиена чаша на средина направете дупка. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 С 7-8 минути. Потоа извадете ги и во средината на секое колаче ставете по едно лажиче мармалад од кајсии или јагоди и повторно вратете ги да се допечат уште 5-6 минути.
По желба можете да ги наросите со шеќер во прав.