Јуфка подпечена во рерна
Состојки
- 300 грама јуфка
- 1 лажичка сол
- 150 грама сирење или урда
- 1 1/2 литар врела вода
- 4-5 лажици зејтин
Подготовка
Корите јуфка ги ставаме во плекче,го рендаме или дробиме сирењето. Ги подпечуваме во загреана рерна на 200 степени,внимавајки да не изгорат.Додека се подпечува јуфката ја провриваме водата со солта и зејтинот.Полеваме со врелата вода и ставаме во рерна.Печеме на 200 степени околу 25 до 30 минути ,во зависност како ја сакате.Ние ја сакаме добро извриена.Така и корите се покрцкави и подсеќа на баница односно пита.Се надевам дека ке ви се допадне.Добар апетит.