Испечати

Ванилици од тиква

Ванилици од тиква

Состојки

  • 1/2 шоља (117 гр) омекнат путер
  • 1/2 шоља (112 гр) испечена или сварена испасирана тиква
  • 1/2 шоља (125 гр) кафеав шекер
  • 1 кесичка ванилин шекер
  • 1 1/2 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка џинџер во прав
  • 1/4 лажичка пимент во прав
  • прстофат сол
  • 1 шоља (100 гр) ореви
  • 2 шољи (240 гр) брашно
  • За посипување
  • по потреба шекер во прав

Подготовка

Загрејте ја рерната на 175 Ц. На плехот од шпоретот ставете хартија за печење.
На сува тава потпечете ги оревите, па крупно исецкајте ги.
Во еден мал сад просејте го брашното со зачините и солта. Ако имате готова зачинска мешавина за медењаци, можете да ставите 2 лажички од неа, наместо наведените зачини.
Во еден поголем сад пенесто изматете го путерот со пирето од тиква и шекерот. Мешајки со шпатула или лажица додајте го брашното, па оревите и само малку на крај дооформете го тестото со рака. Ако го месите многу нема да бидат ровки ванилиците.
Направете со мала лажичка 42 топчина и наредете ги на плехот. Јас сите ги печев одеднаш зошто воопшто не нараснуваат.
Печете ги околу 15 мин, или додека долната страна малку не се зарумени. Нека се подоладат кратко и извалкајте ги во прах шекер.
Чувајте ги во добро затворена кутија со обилно количество шекер во прав измегу.