Суви колачи со лешници
Состојки
- 250 гр путер
- 200 гр шеќер во прав
- 200 гр толчени лешници
- 1 мала чашка рум
- 1/2 кесичка прашак за пециво
- 1 јајце
- 500 гр брашно
Подготовка
Сите наведени состојки се мешаат со миксер во подлабок сад и на крајот се додава брашното за да се направи тесто. Се додава онолку брашно колку што е потребно за да тестото биде соодветно за правење.
На работната маса се расукува потенка кора од која се вадат посакуваните форми на колачите во зависност од пригодата, видот на модли или расположението. Наједноставно е со поголема чаша да правите кружни колачи, како на сликата.
Се пече на 180° во загреана рерна околу 15мин. во ненамачкано тавче или на хартија за печење.
Овие колачиња се одличен прилог за утринско кафе или чај.
Уживајте!