Испечати

Велигденски колач

Велигденски колач

Состојки

  • 260гр брашно
  • 350гр. шеќер
  • 150мл. масло
  • 5 јајца
  • 1к.лажица какао
  • 150гр. толчени ореви
  • 50гр. чоколадни бонбони во боја

Подготовка

1.Се матат со миксер пенасто јајцата со шеќерот.
2.Се додава брашното маслото и оревите и се мати со мала брзина.
3.Во подмачкана тава за куглоф со масло и брашно се става половина од тестото,а во другата половина од тестото се става какаото и се дотура во тавата.
4.Се пече во загреана рерна на 180ст. околу 45мин.
5.Се вади од тавата и додека е врел колачот се редат бонбоните.