Крофни од компири
Состојки
- 250 гр. сварени компири
- 250 гр. брашно
- 70 гр. маргарин
- 3 жолчки
- 1 пакетче сув квасец
- 2-3 лажици кисела павлака
- малку млеко
- 100 гр. шунка и малку сол
Подготовка
Компирот сварете го и испасирајте го. Квасецот растворете го во малку топло млеко и додајте го во компирот заедно со другите состојки. Замесето тесто. тестото расучете го и на половина од кората со чаша обележете кругови. На нив ставете од ситно исечканата шунка. Потоа над тоа префрлете ја другата половина од тестото. сега со чашата сечете ги крофните. Оставете ги половина саат да се одморат. Пржете ги во длабоко масло. Уште додека се врели нарендајте им одозгора кашкавал.