Рижото од компири
Состојки
- 4 поголеми компири
- 100 гр. грашак
- 1 главица кромид
- 1 коцка супа од кокошка
- 150 мл бело вино
- 200-300 мл вода
- малку бибер
Подготовка
Компирот исецкајте го на ситни коцки и добро измиете го. На малку масло испржете го кромидот и додајте го компирот. Малку издинстајте го и турете го виното, водата, ставете ја коцката, а пред да биде готово додајте го и грашокот и биберот. Внимавајте компирот да не се превари.