Испечати

Велигденска салата

Велигденска салата

Состојки

  • 500 гр. изварка, урда
  • 500 гр. сирење
  • 120 гр. маргарин
  • 50 гр. пржен сусам
  • 150 гр. ореви
  • 150 гр. шунка
  • 3 лажици мајонез
  • 1 лажица буковска пипер
  • малку магдонос и 1 чешне лук

Подготовка

Маграринот се мати пенасто со миксер и му се додава изварката, мајонезот и сирењето, па се мати уште малку. Смесата се дели на три дела. Во едниот се додава буковската пипер и 50 гр. сецкани ореви па добро се промешува. Во другиот дел се додава ситно исецканата шунка и магдонос а во третиот дел се ставаат преостанатите ореви кои ќе ги истолчите со лукчето и додадете го и сусамот. Земете некој долг калап кој ќе го обложите со најлон фолија и ставајте ги смесите една по друга. ставете го калапот некој саат во фризидер, да се стегне.