Пилешка салата
Состојки
- 600 гр. пилешко бело месо
- 10 кисели краставички
- 200 гр. пржени, солени кикиритки
- 200 мл. кисела павлака
- 1 тегле (од малите) мајонез
- 1 лажица сенф
- малку сол и бибер
Подготовка
Месото најпрво сварете го и исецкајте го. Исто и краставичките исецкајте ги, а кикиритките истолчете ги, да останат и покрупни парчиња. Ставете се друго и добро измешајте.