Испечати

Крофни

Крофни

Состојки

  • 1 кг брашно
  • 400 мл млеко
  • 3 јајца
  • 200 мл масло
  • 200 гр шеќер
  • 1 квасец
  • 1 ванила

Подготовка

Се замесува тесто од состојките се покрива и се остава на топло околу 30 мин да нарасне.
Се сука кора од околу 1.5 до 2 см и со чаша се вадат форми во облик на крофна кои се редат на површина која што е набрашнета и покриени се оставаат да стасаат.
Потоа се пржат во масло.
По желба се декорираат, или со шеќер во прав или пак можат да се наполнат со крем.