Испечати

кекс со јаболка

кекс со јаболка

Состојки

  • 450 гр шеќер
  • 1 ванила
  • 200гр мелени ореви
  • 1 канела
  • 1,5 кг јаболка рендани
  • 1 пециво
  • 200гр гриз
  • 250 гр брашно

Подготовка

Прва смеса - јаболката, канелата , мелените ореви , ванилата и 250 гр шеќер се мешат до хомогена смеса.
Втора смеса - гризот, 200 гр шеќер, брашно, пециво се мешат до хомогена смеса.

Овие две смеси се делат на три дела.Прво се почнува со првата смеса со јаболка- во плехот прво се става од смесата со јаболка, потоа над неа се става од втората смеса со гризот, над неа пак првата смеса со јаболка, па втората смеса со гризот...вака се прави три пати , затоа и смесата се дели на три дела.
Одозгора се попрскува со масло и се печи 1 час.Откако ќе се испечи плехот се превртува така што јаболката ќе дојдат одозгора како и што се почна со смесата со јаболка и се наросува со шеќер во прав.