Испечати

Македонска плоча

Македонска плоча

Состојки

  • 360грама брашно
  • 240мл. јогурт
  • 1к.лажица рамна сол
  • 1к.лажица рамна шеќер
  • 1/2 свеж квасец
  • 350гр. сецкано свинско месо(може и пилешко)
  • 150гр. сецкани свежи шампињони
  • 150гр. сецкан кашкавал
  • 3с.лажици свинска маст(може и билна маст)

Подготовка

1.Замесуваме тесто со брашно,јогурт,сол,шеќер и квасецот и кога ќе стаса размесуваме круг како за пица.
2.Го ставаме расуканото тесто во намрсена тава и одозгора го ставаме месото и печурките и маста.Го оставаме околу 15-20мин.да стаса малку.
3.Го печеме во загреана рерна на температура од 220 степени околу 25мин.
4.Неколку минути пред да се испече се става кашкавалот и се враќа во рерната да се допече.