Испечати

Полнети шампињони

Полнети шампињони

Состојки

  • 1 паковање 500гр свежи шампињони
  • 100 грама кашкавал
  • 100 грама шунка
  • 1 павлака
  • сол по желба

Подготовка

Најпрво се длабат печурките, а остатоците се сецкаат ситно и се ставаат во друг сад, во кој се додаваат и кашкавалот, шунката, павлаката и малку сол. Се убаво се соединува и со смесата се полнат печурките. Се ставаат во плех и во загреана рерна колку да омекнат и да се стопи кашкавалот.