Питулици со сирење
Состојки
- Фил- 500гр .сирење,(или изварок)и 150мл масло
- 600gr брашно,1 лажица сол,вода по потреба(смеса како за палачинки) и 1лажица масло
Подготовка
1.Се прави смеса како за палачинки од брашно ,сол,вода и масло. Се миксира и се остава 15 мин да се одмори.
2.Се прават палачинки во тефлонско тавче.(тестото мора да биде солено)
3.Кога ке се направат палачинките се редат во длабоко тавче бр 28 и се реди 2 палачинки и се става врз нив сирењето и се попрскува со масло.Постапката се повторува со сите палачинки.На крај се сече на коцки се попрскува со масло и се пече во загреана релна на 250степени 30мин додека да зацрвени.Може да се прават и за пости и наместо сирење да биде со запржен праз.
Пријатно!