Домашен бурек со готови кори
Состојки
- по желба сол и бибер
- 1главица кромид ситно исецкана
- 200гр. мелено месо
- 1/2кг. готови кори за пита
- 100мл. масло
Подготовка
1.Се пржи прво кромидот малку па се додава месото и на крај се посолува со сол и бибер.
2.Се премачкува тавата со масло во која ќе се пече бурекот.
3.Се става првата кора во тавата и се премачкува со масло.
4.Се става втората кора исто се премачкува и се додава дел од испрженото месо.И така по ист редослед додека се потрошат сите кори.
5.Последната кора се премачкува со масло и се подвиткува на краевите за да се затвори бурекот.
6.Се пече на температура од 230ст.околу 20 мин.додека добие боја како на сликата.