Мафини со кокос и чоколадо
Состојки
- 2 јајца
- 100 гр. шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 70 мл. зејтин
- 100 мл. млеко
- 225 гр. брашно
- 2 мали лаж. пециво
- 100 гр. сецкана чоколада (на парченца)
- 80 гр. кокос
Подготовка
1. Се матат јајцата со шеќерот и ванилата додека не се растопат
2. Се додаваат млекото и зејтинот,па брашното со пецивото додека убаво не се соединат сосотојките
3. На крај кокосот и чоколадото
4. Смесата се става во мојот случај во мафини различни форми и се печат на 180 степени 25 минути
Убаво изгледаат во моите силиконски калапи различни форми нели?