Трајфл
Состојки
- 3 јајца
- 3 лажици брашно
- 3 лажици шеќер
- 2 пудинга од ванила (може и друг пудинг по вкус)
- 1 литро млеко за подготовка на пудингот
- 1 конзерва мешано овошје (или свежо овошје по желба)
- 500 гр. хопла (или две шлаг креми)
Подготовка
Од јајцата, брашното и шеќерот се прави пандишпан, кога е готов се витка во влажна крпа во ролат, кога ќе се олади се премачкува со мармалад по вкус (на сликата од шипинки). Ролатот се сече на кругови и се реди на дното и на страните на голем стаклен сад, се попрскува со сокот од конзервираното овошје, или домашен сок , сок од компот или по желба, се реди ред сецкано овошје, ред пудинг (подготвен според упатството на кесичката) и на крајот се става изматена холпа. Се служи добро изладен во садови за сладолед.