Посна јагодова торта (без масло)
Состојки
- 1 и 1/2 чаша ( 200 мл) брашно
- 1 и 1/2 лажиче прашак за пециво
- 1/4 лажиче сол
- 1 лажица јаболкова киселина
- 3/4 чаша шеќер
- 2 лажици мед
- 3/4 чаша чај од јаготки
- 250 гр јаготки (може и замрзнати) за кремот
- 2 лажици пудинг од јаготка (за кремот)
- 1/2 чаша шеќер (за кремот)
- 50 мл чај од јаготки (за кремот)
Подготовка
За кексот измешајте ги сите состојки и ставете ги во тркалезна тепсија (најдобро ако имате таква на која и се ваѓа обрачот) покриена со хартија за печење и ставете го да се пече на 170 Ц.
За кремот ставете ги сите состојки во едно тенџерче и на тивок оган, мешајќи, оставете го се додека не зоврие. Веднаш тргнете го и жешкиот крем потурете го над ладниот кекс. Од страните мошете да го украсите со ливчиња од бадеми.