Испечати

Македонска пица со четири типа на сирење

Македонска пица со четири типа на сирење

Состојки

  • 360грама брашно
  • 220мл. јогурт
  • 1к.лажица шеќер
  • 1к.лажица сол
  • 1/2 свеж квасец
  • 100мл. кечап
  • 3с.лажици масло
  • 200гр. бело сирење,биено сирење,кашкавал и пармезан(од секое по околу 50 гр.)
  • 1/2к.лажица оригано

Подготовка

1.Од првите 5 состојки се меси фино тесто и се остава малку да стаса.
2.Тестото се премесува и се обликува пицата.
3.Се става во намастена тава и се премачкува со кечап па се рендаат сирењата или се сечат на тенки парчиња по желба.
4.Се пече во претходно загреана рерна на 250ст. околу 20-25мин.
5.Откога ќе се испече се става ориганото.