Нудли со брокула и пилешко
Состојки
- нудли едно пакетче
- брокула еден цвет
- пилешки стек 1 голем
- сланина 2-3 тенки парчиња
- свеж ѓумбир 4-5 центиметри
- кромид 1 (црвен)
- праз 1 страк
- лукче 1 чешне
Подготовка
Сварете ги нудлите. Празот, кромидот, лукчето, ѓумбирот исечкајте ги на тенки парчиња и пржете ги кратко во вок тава додека не омекнат, но и да си ја задржат формата. ИЗвадете ги и испржете ја на кратко сланината. Извадете ја и испржете го пилешкиот стек. Штом ќе го испржите стекот, вратете ги сите состојки во вокот (освен нудлите), пропржете се заедно 1-2 минути додавајќи соја сос, додадете ги нудлите колку да се загреат и соединат со останатите состојки и уживајте.