Благи сусамки
Состојки
- 3 кесички Ванилин шеќер
- 150гр Шеќер
- 500гр Сусам
- 150гр Мед
Подготовка
Сусамот се пропржува додека да добие румена боја.
Во друг сад се топи шеќерот исто така додека добие румена боја. Кога ќе се стопи шеќерот се додава медот , ванилиниот шеќер и сусамот и добро се меша се заедно.
На плех премачкан со масло за јадење се распределува смесата со влажни раце.
Додека е сеуште топла смесата се сече во форма на коцки или правоаголници.