Интегрален леб (машина за леб)
Состојки
- 350 мл вода
- 1 лажица (растресена) сол
- 1 лажиче шеќер
- 2 лажици масло
- 200 гр брашно (тип 500)
- 200 гр пченично интегрално брашно
- 200 гр ржано интегрално брашно
- 1 кесичка сув квасец
- по 1 лажица ленско семе, интегрален сусам, сончоглед, пченични трици, ким
Подготовка
1. Сите состојки ставете ги во машината и приклучете ја (кај мене е програма 3, трае 4 сати) во мојата се ставаат најпрво водените состојки, па потоа сувите, вие прилагодете на вашата машина.
Лебот е одличен, добар е и кога ќе отстои...нема конзерванси, совршен за секојдневна употреба.