Подлучени пиперки
Состојки
- 1кг зелени пиперки
- 3-4 чешниња лук
- 100 мл масло за јадење
- 50 мл оцет и сол по вкус
Подготовка
1. Пиперките се печат, се оставаат да се подизладат и омекнат и се лупат, притоа се се засекуваат на половина, но не целосно
2. Се редат во сад, се посолуваат, се додава исечкан лук, маслото за јадење и оцетот
3. Се промешуваат и се служат како салата
Напомена
Можат да се стават и во тегла добро затворени со капак и да се користат како зимница. По желба може да се додаде и магдонос