Туфакија
Состојки
- 12 јаболки
- 4 лажици мед
- 150 грама мелени ореви
- 150 милилитри павлака
- 1 пакетче шлаг пена
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 1 лажиче цимет
Подготовка
Јаболките се мијат и се длабат од горната страна, но се внимава да не се продупчат.
Се мешаат медот, мелените ореви, павлаката,ванилиниот шеќер и се полнат.
Се печат во загреана рерна на 180 степени, 40 минути.
Во меѓувреме се мати шлаг пената и се става-декорира врз ладни јаболка.(иако јас не успевам да дочекам да се оладат, пошто ми се многу вкусни)
Се посипува со цимет.
Уживајте во овој здрав и нискокалоричен десерт!