Испечати

Лиснати корпиња

Лиснати корпиња

Состојки

  • 24 коцки лиснато тесто
  • 400 гр сирење или урда
  • 200 гр кулен, чајна, шунка...(било кој сувомеснат производ)
  • 3 јајца
  • малку магдонос за декорација

Подготовка

Најпрво спремете го филот. Ако користите сирење иситнете, издробете го во вилушка. Овде јас претпочитам некоја не многу солена изварка или сирење поради соленоста кога се јадат. Изматете ги јајцата и додадете ги на сирењето. Промешајте, па додадете го сувомеснатиот производ сецкан на ситни коцкички. На крај, добро измешајте ја смесата.
Добро е да имате купено готово лиснато тесто веќе исечено на коцки, но доколку немате, тогаш исечете го на 2х2 см. Потоа, со сукалка растанчете ја секоја коцка и нанесете ја врз намастена модла за мафини, убаво обложувајќи ја по дното и ѕидовите до горе. Со лажиче полнете ги со филот. Врз него за декорација ставте по 2-3 ливчиња магдонос (јас немав).
Можи да ги оставите краевите така или да ги превиткате над филот како пакетчиња, ваша желба.
Печете во загреана рерна од 180-200 степени. Време не мерев, ама од прилика 15на минути.
Одлични и декоративни се за пречекување на гости, а што е најважно, брзо и лесно ссе прават. Уживајте!