Испечати

Торта со јогурт и лимон

Торта со јогурт и лимон

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 чаша (150 гр) јогурт
  • 2 чаши шеќер
  • 2 чаши брашно
  • 1 чаша нишесто
  • 1 чаша (не полна) масло
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лимон изрендана кора
  • 1/2 лимон сок

Подготовка

Белките посебно изматете ги со прстофат сол.
Жолчките изматете ги со шеќерот, додадете го јогуртот, потоа маслото, кората и сокот од лимон и убаво изматете да се добие изедначена смеса.
Брашното, нишестето и пецивото измешајте ги и додадете ги во смесата и со жица убаво соединете ги.
Ставете ја во подмачкан со путер и набрашнат калап (26). Се печи на 180 С околу 40 мин.
Оладената торта наросетеа ја со шеќер во прав и послужете ја.
Одлична за со млеко или кафенце!
Чашата од јогурт е мерка за сите состојки.