Испечати

Солени полумесечинки

Солени полумесечинки

Состојки

  • ТЕСТО
  • 1шоља(за млеко) брашно
  • 1шоља вода
  • 1лажица путер
  • ФИЛ 1
  • 100гр. спанаќ
  • 100гр. рикота
  • 1 жолчка
  • ФИЛ 2
  • 1 домат
  • 1 моцарела
  • ФИЛ 3
  • 100гр. домашен колбас
  • ЗА ПОХОВАЊЕ
  • 1 белка од јајце

Подготовка

Во тенџере на оган ставете ја водата, малку сол и путерот.
Пред да зоврие водата додадете го брашното и мешајте додека се добие тесто.
Размесете го тестото на работна површина и поделете го на помали топчиња.
Секое топче расукајте го кружно и нанесувајте на некои топчиња од фил1, на други од фил2, и на некои фил3.
Преклопете ги во вид на полумесечина, свалкајте ги во разматена белка и презла и пржете ги на загреано масло