Испечати

Бомбици од пандишпан

Бомбици од пандишпан

Состојки

  • Пандишпан
  • 6 јајца
  • 14лажици шеќер
  • 15лажици брашно
  • 2филџани масло
  • 3филџани мелени ореви
  • 1филџан млеко
  • 1/2 пециво
  • ФИЛ
  • 500мл. млеко
  • 2лажици густин
  • 2лажици брашно
  • 14лажици шеќер
  • 1/2 маргарин
  • ГЛАЗУРА
  • 100гр. млечна чоколада

Подготовка

Од состојките за пандишпан изматете убава смеса и сипете ја во намрснат и набрашнет плех.
Печете на 180 степени.
Испечениот пандишпан оставете го убаво да се излади, а во меѓувреме подгответе го филот така што во тенџере на оган ставете го млекото и шеќерот, мешајте додека шеќерот се растопи, а потоа додадете го густинот и брашното.
Мешајте додека се добие густа смеса, а потоа тргнете го од оган и оставете да се излади.
Кон изладениот фил додадете го претходно изматениот маргарин и убаво промешајте.
Изладениот пандишпан изронете го на ситни парчиња и додадете го филот.
Убаво соединете ја смесата и формирајте бомбици.
На крај прелијте ги со растопена чоколада.