Топчиња од мелено месо во тесто
Состојки
- * За тесто
- 250 гр брашно
- 1 јајце
- околу 120 мл јогурт (+/- во зависност од густината), малку сода
- * За месните топчиња
- 1/2 кг мелено месо
- 2 јајца
- 1 парче сув леб натопен во вода или млеко
- зачини вегета, црн бибер, оригано, сол
- по потреба презла
- 1 гл. рендан кромид
Подготовка
Најпрво измесете го тестото, покријте го и оставете го да стои.
Потоа се спрема смесата од мелено месо мешајќи ги сите состојки (без едната жолчка) и на крај додавајќи презла до тој степен додека се увериме дека од таа смеса можиме да направиме убави округли топчиња кои нема да се ни се сплескуваат.
Топчињата се прават од прилика со тежина од 40-50 грама и потоа малку се запржуваат во врело масло. Потребно е само горниот слој од сите страни да е малку потпржен за да можиме лесно да ги виткаме во тестото.
Пуштете ја рерната на 180 степени. Тестото пренесете го на работната маса и без премесување расукајте го на набрашнета површина во дебелина како за кифлички.
Со нож сечете тенки траки малку помали од 1 см и со нив обвиткувајте ги месните топчиња.
Наредете ги во подмачкана тава, премачкајте ги со жолчката и ставте ги во рерна да се печат околу 15на мин.
Добар апетит!