Испечати

Кинески ручек

Кинески ручек

Состојки

  • 1 чаша ориз басмати (или бел ориз долго зрно)
  • 1 чаша див ориз (ако немате немора)
  • 1 зелена тиквичка
  • 3 црвени свежи пиперки
  • 4 моркови .
  • 2 главици кромид
  • 2 парчиња свежо пилешко копан со подкопан (може и стек)
  • 1/2 лажичка куркума
  • 3, 4 лажици соја сос
  • по потреба масло, сол, бибер, био зачин

Подготовка

Дивиот ориз се вари подолго, па потребно е прво 45 минути да се вари во поклопено тенџере со 5 филџани вода и малку путер. Потоа се додава и басмати оризот и се вари уште 15 минути на тивок оган. Месото се вари околу 30 минути, а остатокот од водата јас ја додадов во текот на варењето во оризот. Оризот во текот на варењето не смее да се меша, ако се вари на тивко и во поклопено тенџере сам ќе си ја впие течноста и нема потреба од цедење. Може да се зачини со малку био зачин и бибер. Во вок тава ги пржима ситно исецканиот кромид, го додаваме исечканиот на тенки ленти морков, исто така исечканата пиперка и тиквичка и пржиме на тивок огин. Зачинуваме и посолуваме. Во убаво испржениот зеленчук се додава ситно исечканото месо исчистено од коски и кожи. Се трга на страна и се додава соја сос и куркума. Се сервира варениот ориз заедно со пржениот зеленчук. По желба се додава уште соја сос.