Тиквени бухтли – саќе
Состојки
- За квас
- 25 гр. квасец
- 50 мл. млака вода
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка брашно
- За тесто
- 250 мл. пире од тиква
- 250 мл. млако млеко
- 1 полна лажица мед и 50 мл. зејтин
- 4 лажици шеќер
- 1 лажичка сол
- 1 лажица екстрат од ванила или 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 1/2 лажичка мускатно оревче
- 750 гр. брашно
- За премачкување
- 50 гр. стопем путер или маргарин
- За полнење
- по ваш избор џем или мармалад кој го обожавате и имате
- За посип
- количината вие ке си ја одредите шеќер во прав
Подготовка
1. Квасецот ставете го во млаката вода, додајте шеќерот и брашното и оставете нека стаса.
2. Во млекото додајте го медот, шеќерот, загрејте малку да се сето тоа стопи, додајте го зејтинот, солта, ванилата и мускатното оревче, префрлете во садот во кој ќе месите.
3. Додадете го пирето од тиквата, стасаниот квасец и почнете да додавате од брашното, измесете го целото тоа. Треба да добието мазно и меко тесто, но да не се лепи на раката. Оставете го да стаса, па пак премесето го, оставете уште еднаш да стаса.
4. Префрлете го тестото на набрашнетата работна маса, измесете и поделете на 24 еднакви парчиња, од секое парче формирајте топчиња. Земате со рака едно од топчињата, сплескајте го, на средината ставете од џемот и затворете го тестото притоа повторно да добиетое форма на топче.
5. Кога веке сте ги оформиле, секоте топче умакајте во стопен оладен путер или маргарин и редете во модлатата. Оставете ги да стасат околу 15 мин. додека се загрее рерната на 200 степени. Печете ги 10 мин на оваа температура, а потоа намалете ја на 180 и нека се печат уште 15-20 мин.
6. Печени извадете од рерната, малку да оладат, извадете ги на решетка каде што ќе се потполно оладат, посипете со шеќер во прав и послужете со чаша млеко за доручек или како десерт за попладневното кафе.
Нека ви е слатко!!!
НАПОМЕНА
- Јас користам или варена или печена тиква сеедно, измиксајте ја со стапен миксер тиквата и одмерете во чаша од 250 мл. тоа е мерката.
- ако ви остане од маргаринот, слободно ствете го врз веќе готовите бухтли.