Испечати

Потпечени палачинки

Потпечени палачинки

Состојки

  • 10 палачинки
  • 250 гр шунка
  • 200 гр кашкавал
  • 200 мл кисела павлака
  • 2 јајца
  • 50 гр пармезан, 1 лажичка оригано,масло за јадење,сол и црн пипер

Подготовка

1. Ги сецкаме на долгнавести парчиња шунката и кашкавалот, ги измешуваме и ги наросуваме со оригано.
2. Секоја палачинка ја филуваме со филот, ги виткаме краевите на внатре и ја роловаме. Ги редиме во намрсена тава за печење.
3.Во сад ги матиме јајцата со павлаката, ги преливаме палачинките, ги наросуваме со пармезан и ги печеме 20 минути на 200 степени.